Фармацевската компанија „АстраЗенека“ очекува да ги продолжи испитувањата за својата вакцина против коронавирусот следната недела, објави во средата „Фајненшл тајм“ повикувајќи се на извори запознати со испитувањата.

Во вторникот, британско-шведската фармацевтска компанија одлучи да ја запре, односно студијата за вакцини да ја стави во мирување откако беше откриена несакана реакција кај еден од волонтерите во Велика Британија.

Главниот медицински советник во Белата куќа, Ентони Фаучи, тврди дека „не е невообичаено“ испитувањата да бидат ставени во мирување поради безбедносни проблеми, додека министерот за здравство на Обединетото Кралство, Мет Хенкок, тврди дека одложувањето веројатно дека нема да предизвика значителен застој во развојот на вакцините.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.