Од почетокот на сезоната, заклучно со вчера, од западнонилска треска во Грција починале четири лица, на возраст од над 80 години, а 35 се заразени, според податоците на националната организација за јавно здравје, пренесе грчката новинска агенција АНА-МПА.

Националната организација за јавно здравје, во седмичниот извештајот пишува дека е веројатно и очекувано во следниот период да се појават и нови случаи.

Од 2010 до 2018 во Грција биле регистрирани вкупно 988 случаи, починале 134 лица, најголемиот број на смртни случаи имало лани (50), а во 2015 и 2016 воопшто не бил регистриран случај со заразен со вирусот, jави дописничката на МИА од Атина.

Случаи со заразени со вирусот Западен Нил кај луѓе и животни се забележани во различни делови на земјата во годините 2010 – 2014 и 2017 – 2018 година, во скоро сите региони. Ова укажува дека вирусот Западен Нил веќе континуирано постои во нашата земја, како и во други европски земји, пишува во извештајот на грчката Национална организација за јавно здравје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.