Од утрово поради намалениот број на пациенти се затворени ковид центрите на Клиниката за Кардиологија, Клиниката за ОРЛ, Клиниката за Очни Болести и Институтот за Физикална терапија.

Од почетокот на неделава без ковид пациенти се и Клиниките за Урологија и Пластична Хирургија кои веќе почаа со редовен хируршки програм. Во петок ќе се затвори и ковид центарот на Клиниката за Трауматологија при ТОАРИЛУЦ и од понеделник Клиниката за ортопедија и Клиниката за трауматологија започнуваат со редовен хируршки програм, соопштија од Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 17 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 258 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало 9 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 2 примени пациенти и 6 билe примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 42 оздравени пациенти. Во ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 75 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 86 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 89 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај децата-Козле има 5 пациенти. На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на Ковид 19 вирусот.

Вкупно 258 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 392 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 49 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 41 пациент. На инфективното одделение во Тетово има 9 пациенти, во Велес се лекуваат 48 болни, а во Куманово 62 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 45 пациенти, во Прилеп 34, во ковид центарот во Гостивар 12, а во Струга 15 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 35 пациент, во Кочани 15 во Кичево 3, Кавадарци 18, а во Гевгелија 5 лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 649 и има околу 900 празни болнички кревети во ковид центрите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.