Од утре започнува вакцинација против сезонски грип со комерцијални вакцини кои се наплаќаат по цена од 650 денари.

Дополнително бесплатни вакцини се обезбедени за 5 категории на граѓани и тоа :

1. За сите граѓани над 65 години, независно висината на нивната пензија

2. за сите лица со хронични болести, независно нивната возраст

3. за бремени жени

4. за деца до 6 години

5. и за здравствени работници.

Потребно е сите овие лица доколку сакаат да бидат вакцинирани со бесплатна вакцина против грип да добијат упат од својот матичен лекар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.