Министерството за здравство информира дека поради зголемениот интерес за вакцинација од утре се отвораат дополнителни четири пункта за имунизација против Ковид. Пунктовите во Скопје кои ќе започнат со работа утре се Поликлиниките Бит Пазар, Драчево, Ченто и Ѓорче Петров.

Во две смени ќе работат пунктовите во Чаир, Јане Сандански, Букурешт и Бит Пазар. Во прва смена ќе работат Шуто Оризари, Драчево и Ченто.

Вакцини има доволно, во сите пунктови се надополнуваат подеднакво потрошените количини. На располагање се околу 400.000 дози од вкупно сите производители од нив 200.000 за прва доза. За прва доза имаме 80.000 Синовак, 50.000 Aстра Зенека и 70.000 Фајзер. Секоја недела пристигнуваат по околу 20.000-30.000 на Фајзер и оваа пратка ќе продолжи да пристигнува и во следните недели до крајот на годината, велат од МЗ.

Во последните 24 часа се регистрирани 518 нови случаи на ковид-19 од направени 5.809 тестирања, соопшти Министерството за здравство. Новите случаи се од: Скопје – 179, Тетово – 96, Гостивар – 65, Куманово – 35, Кичево – 29, Струга – 20, Битола – 14, Охрид и Струмица – по 11, Дебар – 10, Кавадарци – 7, Велес – 6, Кочани – 5, Прилеп и Берово – по 4, Штип, Виница и Македонски Брод – по 3, Гевгелија, Ресен, Радовиш, Делчево и Пехчево – по 2, Крива Паланка, Пробиштип и Демир Капија – по 1.

Изминатите 24 часа се пријавени се 4 починати лица, и тоа 2 од Скопје (71г и 88г), по еден од Тетово (75г) и Дебар (67г). Починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.028.102 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 158.681 бројката на оздравени пациенти е 150.587, на починати е 5.513, а бројот на активни случаи изнесува 2.581.

Според епидемиолошки анализи во моментов, најмногу од активните случаи се од Скопје – 832, по што следуваат Тетово – 662, Гостивар – 282 и Куманово 180.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.