Согласно препораката од Националната комисија за ретки болести, почнувајќи од први октомври сите пациенти со цистична фиброза на возраст до 18 години ќе се лекуваат на Клиниката за детски болести, додека пациентите со наполнети 18 години на Клиниката за пулмологија и алергологија, соопшти Министерството за здравство.

Активностите за третманот на пациентите со цистична фиброза се договорени и усогласени на одржаните координирани состаноци на УК за детски болести Скопје, УК за пулмологија и алергологија и претставници на ФЗОРСМ и МЗ, земајќи во предвид дека лекувањето на овие пациенти треба да биде во јавни здравствени установи од терциерно ниво кои ги исполнуваат стандардите за хоспитализација со оглед на специфичноста на болеста и во кои поради стручноста на кадарот, лекувањето на пациентите со цистична фиброза ќе биде согласно светските протоколи, велат од МЗ.

Во однос на потребната инхалаторна терапија за сите пациенти, ќе биде обезбедена преку јавна набавка спроведена од страна на УК за детски болести, преку обезбедување дополнителен буџет од страна на ФЗОРСМ и согласно потребните количини на пациентите, истата ќе биде дистрибуирана согласно веќе воспоставениот систем до местото на живеење на секој пациент(инсулинска аптека).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.