Граѓанското здружение „Од нас за вас“ со отворено писмо упатено до министерот за образование и Министерството за образование повикува на преиспитување на одлуката невакцинираните деца да не се запишат во прво одделение.

Нивното писмо го пренесуваме во целост.

Септември помина, учебната година е почната, но за жал не за сите деца. Со ваша поддршка некои директори одбија да ги примат или запишат првачињата во училиштата, таму каде што им е местото. Се прашуваме како е воопшто возможно институција како МОН да молчи во деновите кога првачињата се приморани да седат дома и да трпат психолошки последици? Дали сте свесни дека благодарение на вашите одлуки некои дечиња ќе имаат трауми за цел живот? Дека благодарение на вашите одлуки некои дечиња никогаш нема да имаат сеќавање на првиот училишен ден? Свесни ли сте дека благодарение на вашите одлуки родителите на одредени дечиња подлегнаа на уцената и за да влезат во училиштата ги вакцинираа сопствените деца и сега трпат последици по нивното здравје? Драги министри, дали спиете мирно? Дали верувате дека сето ова ќе помине непорамнето некаде во иднината? Нашиот народ вели сè се враќа, сè се плаќа.
Добрата вест е што во Македонија се уште има разумни луѓе. Поголемиот број од директорите на училиштата во земјава го испочитуваа највисокиот Закон во државава, Уставот и Законот за основно образование. Само неколкумина, повикувајќи се на Вашите незаконски одлуки се осмелуваат да ги прекршат законите во државава. Против нив се поднесени кривични пријави, а деновиве, за жал, приморани сме да поднесеме и против Вас, министре за образование. Крајно време е оваа држава да почне да ги почитува сопствените закони!

Дозволете ми да ве потсетам на извадоци од Извештајот на ЕУ за поглавјето 26 – Образование и култура, во кој се вели:

5.26 Поглавје 26: Образование и култура

ЕУ ја поддржува соработката во образованието и културата преку програми за финансирање и координација на политиката на земјите членки преку отворениот метод на координација. ЕУ и земјите-членки, исто така, мора да ја спречат дискриминацијата и да обезбедат квалитетно образование за децата на работниците мигранти, вклучувајќи ги и оние од загрозените средини.

Земјата е умерено подготвена во оваа област.

Остварен е ограничен напредок со донесувањето на новиот Закон за високо образование.

Воведувањето мерки од сеопфатната стратегија за образование 2018-2025 остана ограничено. Бидејќи ниту една од минатогодишните препораки не беше спроведена, тие остануваат валидни. Во наредната година, земјата особено треба:
· да ја спроведе новата стратешка рамка за образование, особено целите за предучилишно образование;
· да ја зголеми на поддршката за обука на наставници и професионален развој на наставниците и да се обезбеди ефикасен процес на проценка;
· да го подобри пристапот до квалитетно образование за сите, особено во однос на запишување во предучилишно образование, децата со посебни потреби и децата од ромските заедници.
Јавните трошоци за образование, обука, млади и спорт останаа на 3,8% од БДП во 2018 година.
Нивото на запишување во образованието во раното детство останува загрижувачко. Далеку е од целта на ЕУ за образование и обука 2020 од 95%, со само 30% од децата кои посетуваат лиценцирани предучилишни установи во учебната година за 2018/2019 година. Сепак, Владата презеде мерки за зголемување на ресурсите и предучилишните места со инвестирање во предучилишна инфраструктура и висококвалитетна обука за наставници во предучилишното образование.
Сè уште се потребни значителни подобрувања во квалитетот на основното и средното образование. Иако стапките на завршување во основното и средното образование се генерално високи, околу 10% од децата од ромските заедници не посетуваат редовно основно училиште и стапките на нивно напуштање остануваат високи. Со новиот проект, на ниво на целата земја, се развиваат серија мерки за поддршка на вклучувањето на децата во училиштата во тековната учебна година 2018-2019 година. Квалитетот на образованието е загрижувачко на сите нивоа и системот останува ранлив на политичко влијание и корупција. Децата и учениците со посебни потреби и оние од ромските заедници и понатаму се соочуваат со пречки за редовно и квалитетно образование и обука.
Се прашуваме како мислите да ги постигнете целите? Со класична дискриминација? Со присила? Дали вие лично верувате во примената на сила? Дали навистина демократијата во Македонија е мртва? Како живеете со сознанието дека вашите одлуки ги одземаат личните слободи на многумина граѓани на Македонија? Како живеете со вашите одлуки кои ги кршат правата на школување на дечињата? Како секој ден ги погледнувате сопствените деца кога знаете дека вашите одлуки тој ден оддалечиле други деца од образовниот систем? Како ги гушкате сопствените деца додека на други деца им нанесувате големо зло? Како ќе им одговорите на вашите деца, кога во иднина ќе ве прашаат ,,тато/мамо зошто моите другарчиња си ги оставил(а) без образование“? Длабока е темава министре Адеми, многу длабока, сензитивна, емотивна.

Ве молиме, ве преколнуваме двајцата, најдете решение, запрете го ова зло. Во името на вашите деца повикајте ги директорите на училиштата да ги примат и запишат првачињата.

Почитувајте ги законите кои ги донел Законодавецот, Парламентот. Тие донесоа нов Закон за образование во август оваа година. Одредбите за условите за запишување се потполно исти. Зошто се толкува член 60, став 2 (или член 46, став 2 од старито закон) како да е поразличен од истиот до лани? Како е возможно тоа? Особено е нагласена забраната за дискриминација, посебно издвоена забраната за дискриминација при упис. Ве потсетуваме на одредбите Законот за основно образование:
· Член 3 (1) Секое дете има право на бесплатно и квалитетно основно воспитание и образование во основно училиште.
· Член 5 (1) Во основното воспитание и образование се забранува секоја директна или индиректна дискриминација, повикување и поттикнување на дискриминација и помагање во дискриминаторско постапување по основ на пол, раса, боја на кожа, национално или етничко потекло, попреченост, род, сексуална ориентација, родов идентитет, државјанство, социјално потекло, образование, религија или верско уверување, политичко уверување, други видови уверувања, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба и општествен статус или која било друга основа која е предвидена со закон или со меѓународен договор ратификуван согласно со Уставот на Република Северна Македонија во остварување на правата од основното образование.
· Член 5 (2) Се забранува секој облик и вид на дискриминацијаво основното образование и тоа во:
o (2) – процесот на запишувањево основното образование,
· Член 8 (1) Основното образование е задолжително, трае девет години и се организира во три воспитно-образовни периоди и тоа од прво до трето одделение, од четврто до шесто одделение и од седмо до деветто одделение.
· Член 61 (2) За запишаните ученици училиштето истакнува список на огласната табла на училиштето, најдоцна до 15 јуни.
· Член 61 (4) За незапишувањето, односно за неподготвеноста на детето за тргнување во училиште, комисијата од ставот (1) на овој член е должна писмено да го извести родителот, односно старателот најдоцна до 15 јуни.
· Член 169 (1) Глоба во износ од 301 до 400 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на директорот на основното училиште, ако:
o (7) – основното училиште навреме не организира и не изврши запишување на ученици (член 60 став (1) од овој закон),
· Член 169 (1) Глоба во износ од 301 до 400 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на директорот на основното училиште, ако:
o (10) – не го извести овластениот просветен инспектор на општината за децата кои не се запишани, (член 64 став (1) од овој закон),
· Член 170 (1) Глоба во износ од 401 до 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на директорот на основното училиште, ако:
o (1) – во основното училиште се врши дискриминација (член 5 став (1) од овој закон),
· Член 170 (1) Глоба во износ од 401 до 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на директорот на основното училиште, ако:
o (5) – се врши телесно, психичкои сексуално малтретирање и казнување на ученикот и понижувачко однесување и постапување кон него (член 65 од овој закон),
Покрај одредбите од Законот за основно образованиие, Ве молиме земете ги предвид и одредбите од Уставот на РСМ:
· Член 44: Секој има право на образование. Образованието е достапно на секого под еднакви услови. Основното образование е задолжително и бесплатно,
како и дел од меѓународните конвенции ратификувани од страна на РСМ.
· Европска конвенција за човекови права, член 2 од Протоколот:
Никому не може да му се одземе правото на образование. Во своето дејствување во областа на образованието и наставата, државата ги почитува правата на родителите да обезбедат образование и настава во согласност со своите верски и филозофски убедувања.
· Конвенцијата за правата на детето на ООН и Конвенцијата за остварување правата на децата донесена од Советот на Европа 1996 година а ратификувана од РМ (Службен Весник на РМ бр.12/02). Во член 28 се вели:
„Државите членки му го признаваат правото на детето на образование и поради постепено, остварување на ова право врз основата на еднакви можност, посебно: a) Го прогласуваат основното образование за задолжително и бесплатно за сите.“
· Меѓународен пакт за економски социјални и културни права – член 13 став 1
„Државите – страни на овој пакт го признаваат на секое лице правото на образование.
· Европската конвенција за заштита на човековите права и достоинството на човечкото суштество во однос на примената на биологијата и медицината во биомедицината донесена од Советот на Европа, а ратификувана од Собранието на РМ со Закон (Службен весник на РМ бр.55/2009), Oviedo, 4.IV.1997),
Член 2 – Првенство на човечкото суштество – Интересите и добросостојбата на човечкото суштество ќе преовладуваат во однос на единствениот интерес на општеството или науката.
Член 5 – Интервенција во област на здравството може да се изврши единствено кога засегнатото лице доброволно ќе се согласи на тоа врз основа на претходно дадена информација.
Тоа лице треба претходно да добие соодветни информации за целта и природата на интервенцијата, како и за последиците и ризиците од истата. Засегнатото лице може да ја повлече согласноста во секое време.

ПОТВРДА ЗА ПРИМЕНИ ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ВАКЦИНИ

Да ја разгледаме и фамознатата потврда, според член 60, став 2. Во него се вели „При запишувањето на детето во прво одделение родителот, односно старателот е должен да достави потврда за примените задолжителни вакцини за детето, офталмолошки и стоматолошки преглед, издадена од надлежна здравствена установа“. Толку. Никаде не се вели СИТЕ примени задолжителни вакцини. Но, министерот за здравство сега го упатува ДПИ на член 33 од Законот за заштита на населението од заразни болести и оттаму им ги набројува кои биле задолжителните вакцини. И при тоа, им вели вие ДОСЕГА не си ја работевте работата како треба. Еве, ОТСЕГА нема да се примаат деца кои немаат полна потврда. Повторно дискриминација?

Во 2018 година едно училиште во Битола се осмели да го направи истото, не запиша ученик во прво одделение поради непотполна потврда за примени вакцини.

Родителот реагираше до ДПИ, чиј инспектор веднаш излезе на терен, утврди прекршување на Законот и му наложи на директорот со Решение да го запише првачето, а потоа изврши и контрола да се увери дали е постапено по решението. Образложението на инспекторот беше дека училиштето е образовна, а не здравствена установа и училиштето нема право да бара полни потврди, туку едноставно да го почитува стариот член 46, став 2. Дополнително, во П Р А В И Л Н И К ЗА ИМУНОПРОФИЛАКСА, ХЕМИОПРОФИЛАКСА, ЛИЦАТА КОИ ПОДЛЕЖАТ НА ОВИЕ МЕРКИ, НАЧИНОТ НА ИЗВЕДУВАЊЕ И ВОДЕЊЕ НА ЕВИДЕНЦИЈА И ДОКУМЕНТАЦИЈА, член 83 став 1 точка 3, се вели дека вакциналниот статус се проверува. Проверката не значи задолжителност да се имаат примено вакцините. Впрочем, секогаш постоеле и ќе постојат дечиња кои не смеат да се вакцинираат. Зарем училиштето треба да води сметка и за тоа? Ете, тоа е законско постапување.

Се прашуваме зошто истиот тој инспектор сега во 2019 година, повикувајќи се на истите закони и на незаконските известувања од страна на Министерство за здравство и МОН (донесени врз база на заклучок на Влада донесен со понов датум од известувањата?!?!?!), одлучува поинаку? Вели дека директорот не прекршил закон? Знаете ли зошто?

Дозволете да обрнам внимание и на заклучокот на Влада на 135 седница, член 32, со кој исто така некој манипулира. Имено, според член 35 од Закон за Влада, Влада смее да донесува мислења, уредби, одлуки, заклучоци, итн. Заклучок е оформување на мислење, став за одреден член од Закон. Но, тоа мислење, став мора да е во согласност со законската, уставната и меѓународната рамка, претставена преку конвенциите, инаку не може да биде валиден(но). Сетете се дека законите ги носи Собранието, а не Владата. Затоа, ве молам не бидете од оние кои ги прекршија сите можни закони, ратификувани меѓународни конвенции и Устав, туку застанете гордо на страната на правдата.

Истовремено, Ве потсетуваме дека „Одлуката“ на Уставниот Суд на која се повикуваат одредени претставници од Власта, како што пренесуваат медиумите, всушност не е Одлука дека членот 33 од Законот за заштита на населението од заразни болести не е противуставен, туку е само Решение со кое е отфрлена иницијативата воопшто да се разгледува. Сметаме дека не е потребно Вам да ви ја објаснуваме разликата.

Минатиот викенд нашето здружение беше домаќин на големата научна конференција на која бевте поканети и вие, обајцата. Во прилог линкови каде можете да го видите материјалот. Не замижувајте пред сведоштвата на нашите сограѓани, Македонци, Албанци и останати.

· Видеоматеријал, цела конференција, правен аспект на присилна вакцинација, ден 1:

· Видеоматеријал, цела конференција, медицински аспект на вакцинација, ден 2:

· Видеоматеријал, цела конференција, медицински аспект на вакцинација, ден 2 (продолжува):

· Издвоено видео, проф. д-р Владимир Трајковски – Дали вакцините предизвикуваат регресивна форма на аутизам?

· Издвоено видео, д-р Среќко Сладољев – Инванзивните вакцини предизвикуваат патолошки имун одговор

· Издвоено видео, д-р Лидија Гајски – Вакцинирање: Здравствена потреба или догма без поткрепа

· Издвоено видео, д-р Алма Демировиќ (има сопствен случај со последица од вакцина) – Ефикасноста наспроти безбедноста на вакцините

· Издвоено видео, д-р Јована Стојковиќ Превенција vs. профит

· Издвоено видео, СВЕДОШТВА. Собрани сведоштва од наши Македонци и Албанци чии дечиња претрпеле последици од вакцини. До кога ќе замижуваме пред нив и ќе се залажуваме дека нус појави не псотојат?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.