Осум пациенти починаа од ковид-19 во изминатото деноноќие, регистрирани се 94 нови случаи, а оздравеа 42 пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Со тоа бројката на починати од коронавирус во Македонија од почетокот на пандемијата се искачи на 401 пациент.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 94 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-49, Куманово-2, Штип-8, Прилеп-1, Тетово-6, Струга-2, Гостивар-13, Кочани-2, Свети Николе-9, Кичево -2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 42 оздравени лица од: Скопје-27, Штип-1, Прилеп – 8, Тетово-1, Велес-3, Кочани -2.

Починати се 8 лица, два пациенти од Скопје, еден од Прилеп, еден од Струга, еден од Охрид, двајца од Гостивар и еден од Кичево.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа тројца пациенти на возраст од 63, 63 и 60 години, во ГОБ „8 Септември“ почина пациент на возраст од 68 години. Во ОБ Прилеп починат е пациент на 60 години, во ОБ Струга почината е пациентка на 72 години, во Гостивар вонболнички почината е пациентка на 73 години, во Завод за нефрологија во Струга починат е пациент на 67 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8623, бројката на оздравени пациенти е 4603, на починати е 401, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3619. Денес се евидентира еден конторлен тест и исправка за 4 оздравени лица од Кратово заради техничка грешка. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 4083, активни 1823
• Куманово 882, активни 214
• Дебар 154, активни 92
• Штип 492, активни 202
• Прилеп 305, активни 56
• Тетово 900, активни 291
• Струга 342, активни 167
• Велес 205, активни 31
• Битола 84, активни 40
• Охрид 229, активни 120
• Кавадарци 27, активни 19
• Гостивар 263, активни 168
• Гевгелија 13, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци, еден е од Дојран)
• Струмица 24, активни 16
• Крива Паланка 19, активни 8
• Радовиш 15, активни 11
• Крушево 12, активни 7
• Кочани 80, активни 12
• Пробиштип 39, активни 24
• Демир Хисар 11, активни 10
• Македонски Брод 9, активни 5
• Пехчево 6, активни 1
• Берово 4, активни 1
• Валандово 6, активни 0
• Виница 4, активни 1
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 9, активни 5
• Свети Николе 156, активни 143
• Кичево 88, активни 73
• Ресен 139, активни 73
• Неготино 22, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 830 теста се преку: ИЈЗ-298, ЦЈЗ Скопје-13, Авицена-140, Биотек- 0, МАНУ -27, Жан Митрев (Филип Втори) –150, Систина со PCR метода -102, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-0, КИБФС (Инфективна клиника) -100. Досега во земјата се направени вкупно 81604 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 85 пациенти. На кислородна поддршка се 42 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 20 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 8 деца позитивни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 94 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 31, а во болницата во Штип се хоспитализирани 56 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 133 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.