Денеска почнува со работа летната патронажна медицинска служба во Галичник, која секој петок, во наредните три месеци ќе ротира во овој регион.

Лекар и медицинска сестра од Здравствениот Дом Ростуше, еднаш неделно во периодот од 09:00 до 14:00 часот, на жителите ќе им ја пружат потребната здравствена заштита и нега, како мерење на шеќер, притисок, екг, преврски и давање на ампуларна терапија.

Жителите на Галичник, како и посетителите кои имаат потреба од лекарска помош, можат директно да се упатат во амбулантната просторија во Вила Доста. Препорачливо е со нив да носат здравствена легитимација, исто како кога одат кај својот матичен лекар“, изјави директорот на Здравствен Дом Ростуше, Омер Дурмиши.

Преку овој мобилен сервис, се доближуваат услугите поблиску до граѓаните.

Кочани е првата општина, која минатата година почна со имплементација на моделот интегрирана здравствена и социјална заштита, во кој граѓаните од оддалечените места, руралните средини добиваат здравствена заштита во домот.

Патронажната служба ги покажува своите позитивни резултати. Светската здравствена организација ги оцени интегрираните услуги за домашна нега на Министерството за здравство како одлична мерка за поттикнување на унапредувањето на здравствените услуги кај граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.