Двајцата пациенти кои вчера ја изгубиле битката со корона вирусот, имале и други коморбидитети, односно имале други болести. Ова се гледа од извештајот на Институтот за јавно здравје.

Регистрирани се два смртни случаи, од Прилеп и Струмица. Случаите биле на возраст од 67 и 73 години. Истите биле хоспитализирани во ГОБ 8-ми Септември и Клиника за неврохирургија каде и починале. Двата случаи имале коморбидитети, се вели во извештајот.

Статистиката на Институтот покажува дека од регистрираните 151 смртен случај од Ковид-19, кај 115 или 76,2% имале и други болести.

Ковидот пак најмногу е смртоносен за повозрасните.

Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години. Регистрирани се 102 смртни случаи кај лица од машки и 49 кај лица од женски пол, се вели во извештајот.

Исто така деветмина починале дома, а останатите во болница.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.