Од вкупно 12 заболени кои ги евидентира Центарот за јавно здравје Куманово како новозаболени во последниве 24 часа, 10 се од Општина Липково, двајца се од Општина Куманово, информираше директорот на здравствената установа Ариф Љатифи. Тој кажа дека и починатиот пациент на 71 година е од Општина Липково.

Интензивно се вршат тестирања, се земаат брисеви, мобилните екипи се на терен. Досега на подрачјето на Липково има 50-тина активни случаи од вкупно 114 заболени. Заболените се од познати кластери. За разлика од Куманово, во Липково има поинтензивни семејни врски. Во еден двор може да има по четири до пет куќи, дворовите се поврзани, тоа придонесуваше за ширење на вирусот – изјави Љатифи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.