Европскиот центар за контрола и превенција на болести (ЕЦДЦ) објави нова корона-карта на Европа, која ја ажурира секој четврток.

На неа, ситуацијата е многу лоша и официјално нема повеќе земја во зелена зона.

Повеќето земји се во темноцрвена и црвена зона, а неколку во портокалова зона.

Боите за поединечни подрчја се одредуваат со комбинација на потврдени случаи на инфекција во изминатите 14 дена на 100.000 жители и процентот на тестираната популација, а врз основа на оваа карта, секоја земја може да ги заостри условите за влез.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.