Јапонците се една од најздравите нации во светот, а нивната земја е прва во светот по бројот на стогодишници – имаат рекордни 67.482 во 2017 година, а нивната бројка веќе 47 години по ред се зголемува.

Тие се хранат здраво, не се дебели и, генерално гледано, тие се многу здрав народ. Но, и покрај ова, научниците откриле дека секое осмо лице во Јапонија има хронично заболување на бубрезите, што е една од највисоките стапки на заболување во светот. Во студијата спроведена од австралискиот универзитет „Монаш“ научниците ја анализирале оваа интересна противречност – здравјето и болестите кај Јапонците.

На обдукциите тие анализирале 27 бубрези на Јапонците и откриле дека имаат значително помалку нефрони. Нефроните се клетки на бубрезите, микроскопски филтри кои отстрануваат отпаден материјал од крвта пренесувајќи го во урината. Колку е помал бројот на нефрони, толку полоша улога играат бубрезите како прочистувачи на крвта, што резултира во разни заболувања на бубрезите, но има и пошироко влијание врз целокупното здравје, на пример, со предизвикување висок крвен притисок, пишува „ИФЛ наука“.

Така, Јапонците просечно имаат околу 640.000 нефрони во бубрезите на Јапонците, а Европејците, на пример, околу 900.000. Постојат неколку објаснувања за ова.

Помалиот број нефрони може да бидат поврзани со фактот дека тие се помали. Покрај тоа, сите лица чии бубрези биле испитувани се родени во 40-тите и 50-тите, време на голема сиромаштија и лоши услови за живеење во Јапонија. Поради неисхранетост на нивните мајки, можно е уште во матката да се формирале помал број нефрони, објаснува раководителот на проектот д-р Го Канзаки.

Истражувачите се надеваат дека малиот број нефрони може да им помогне на лекарите да предвидат појава на хипертензија и заболувања на бубрезите, но претходно треба да се најде начин како тие ги избројале без да се прави рез на бубрезите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.