Две нови лица се позитивни на коронавирусот во Тиквешко, по едно во Кавадарци и Неготино.

Доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје за МИА утрово истакна дека лицето од Кавадарци е на 21 годишна возраст и претходно било во изолација поради контакт со заболена личност од вирусот на млади години. Лицето од Неготино има 42 години, работел во приватна фирма, изјавил дека не знае од каде би можела да потекнува заразата со коронавирусот.

Двајцата се со лесна клиничка слика. Се работи на нивните контакти, со цел нивна изолација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.