Во новите препораки за исхраната кои неделава ги објави Министерството за земјоделство на САД се наведува дека во текот на првите шест месеци од животот на бебето, се препорачува ексклузивно доење и дека кратко по раѓањето бебињата треба редовно да земаат витамин Д.

Ако мајката не дои, препорачливо е да користи формула збогатена со железо. Покрај мајчиното млеко или формулата, семејствата треба да избегнуваат давање вода или други пијалоци на бебињата во првите шест месеци од нивниот живот.

Упатствата препорачуваат целосно избегнување на додаден шеќер додека детето не наполни две години. Тоа значи дека се забранети колачи и чоколади.

Нема место за додаток на шеќер во исхраната на новороденчињата и малите децаДецата на таа возраст не јадат многу, затоа е важно да се обезбеди храната што ја внесуваат да биде здрава велат тие – велат препораките

Бебињата мож да почнат да јадат цврста храна кога имаат шест месеци. исто така, се препорачува да не се избегнува храна што може да биде потенцијален алерген.

Воведувањето храна што содржи кикирики во првата година го намалува ризикот новороденчето да развие алергија на кикирики – се тврди во упатствата.

Документот содржи и неколку совети за секоја животна фаза. На пример, на бремените жени им се препорачува да јадат 200 до 350 грама морска храна неделно, да избегнуваат алкохол и да консумираат кофеин во умерени количини.

На мажите им се препорачува да пијат максимум два алкохолни пијалоци на ден. Жените треба да се ограничат на еден. Возрасните се охрабруваат да јадат помали порции, да намалат со слатки и натриум и да се фокусираат на внесување повеќе овошје и зеленчук.

Ваквите мали промени можат да значат подолг и поздрав живот во иднина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.