Министерството за здравство информира дека се пуштени во употреба новите шест возила за Итната медицинска помош (ИМП) при Здравствен дом Скопје. Амбулантните возила се регистрирани, доопремени со потребната медицинска опрема и од синоќа се во функција за потребите на граѓаните на градот Скопје и околните места. Со овие возила, за 100 проценти е зајакната ИМП.

Останатите шест амбулантни возила, наменети за Здравствен дом Крушево, Здравствен дом Крива Паланка, Здравствен дом Берово, Здравствен дом Кичево, Општа болница Струга и Општа болница Дебар ќе бидат пуштени веднаш по завршување на административно-техничките работи.

Во отворена и транспарентна постапка, Министерството за здравство набави 12 нови возила за Итната медицинска помош и заштеди 12 милиони и 240 илјади денари или околу 200 илјади евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.