Прво, мајката и дадилката биле хоспитализирани со пневмонија, под сомнение дека се заразени со коронавирус. Следниот ден, таткото се разболел со треска и болки во грлото и исто така бил хоспитализиран. Бидејќи немало кој да се грижи за нивното бебе, детето било донесено во болница за да биде згрижено во изолациска единица. Бебето, момче на шестмесечна возраст, дошло во болницата без симптоми на COVID-19. Изгледало совршено здраво, дишело добро и немало треска при пристигнувањето во болницата, забележале медицински професионалци.
Но, подеталниот преглед донел вистинско изненадување: Кај бебето било детектирано огромно
количество на новиот коронавирус! Вирусот се наоѓал во неговото грло, крвта и столицата.
Патогените продолжиле да се детектираат кај момчето во првите 16 дена откако било сместено
во болницата. Но, бебето никогаш не покажало симптоми на болеста, со исклучок на едно
единствено мерење на температурата од 38,5 Ц степени, температура која се вратила во
границите на нормалата за помалку од еден час.

Додека повеќето возрасни лица со инфекција на COVID-19 имаат треска, респираторни симптоми и/или промени на рендгенската снимка на градниот кош, актуелните податоци сугерираат дека поголемиот дел од заразените деца имаат благи или немаат никакви симптоми“, напишаа авторите на студијата, експерти на „KK Women’s and Children’s Hospital“ и „The National Centre for Infectious Disease“ во Сингапур.

Д-р Ото Јанг, експерт за заразни болести на UCLA, кој не беше дел од студијата, изјави дека
наодите имаат „важни импликации“.

Резултатите покажуваат дека децата можат „да имаат минимални симптоми или да немаат воопшто никакви симптоми, а да се заразни“, рече тој. Генерално, колку сте помлади, толку се полесни вашите симптоми. Но, тоа не е затоа што не се заразувате. Тоа е затоа што инфекцијата не предизвикува да се разболите“, истакна Јанг. Како и да е, вие веројатно сè уште останувате многу заразни.

Во прегледот на 44.672 лабораториски потврдени пациенти со COVID-19 во Кина од страна на
кинеските власти беше објавено дека нема смртни случаи меѓу деца помлади од 10 години.
Друга студија спроведена од експертите во Вухан, Кина, а објавена во списанието „Journal of the
American Medical Assn.“ се обидува да направи преглед на сите хоспитализирани доенчиња
дијагностицирани со инфекција COVID-19 помеѓу 8 декември 2019 и 6 февруари во Кина. До 6
февруари, имало потврдени 31.211 случаи на заболени од COVID-19 и 637 случаи со смртен
исход. Но, авторите можеле да најдат само девет заразени бебиња кои биле хоспитализирани на
територијата на целата земја.

Ниту едно од овие девет доенчиња не бараше интензивна нега или механичка вентилација, ниту, пак, имаше некои сериозни компликации“, се вели во студијата.

Четири бебиња имале треска, две имале лесни симптоми на горниот респираторен тракт и едно
немало никакви симптоми, но било позитивно на тестот за коронавирус, заради неговата
изложеност во заразено семејство. Другите две бебиња немале никакви симптоми на болеста.

Една можна причина зошто бебињата, доенчињата и малите деца не биле сериозно
загрозени од новиот коронавирус е нивниот незрел имунолошки систем. Неразвиен
имунолошки систем може да го спречи организмот да активира воспаление доволно
сериозно да резултира со пневмонија, септички шок или затајување на органите“,
истакна Јанг, специјалист за инфективни болести при UCLA, а пренесува весникот „Los Angeles Times.

 

извор: Педијатар.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.