Уште двајца здравствени работници од Кавадарци се позитивни на коронавирус. Информацијата за МИА ја потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при Центар за јавно здравје Кавадарци.

Јовановски рече дека изминатите 24 часа во Тиквешијата регистрирани се нови 73 случаи позитивни на Ковид-19. Четириесет и девет од Кавадарци, 20 од Неготино, по два случаја во Росоман и во Демир Капија. Најмладиот новозаболен има 12, а најстариот има 75 години.

Јовановски кажа и дека со коронавирус починало уште едно лице од Неготино, на возраст од 66 години.

Извор: МИА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.