Штип станува ново жариште на коронавирусот. Денес се регистрирани 9 нови случаи. Седум се текстилни работнички.

Со тоа бројката на текстилни работнички заболени од Ковид 19 се искачи на 17. Сите се од истата конфекција. Останатите се поврзани со веќе познати кластери, но за два нови случаи се утврдува каде го добиле вирусот.

Засега на инфективното одделение во Штип се хоспитализирани девет лица, од нив четири се текстилни работнички, дали тој број ќе се зголеми ќе се знае откако ќе завршат целосните прегледи на новорегистрираните случаи. Во моментов во изолација со решение на Државниот здравствен и санитарен инспректорат се околу 100 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.