Француската лабораторија „Санофи“ објави позитивни резултати од клиничкото испитување на нејзината вакцина против Ковид-19, развиена со британскиот ГСК, по првичниот неуспех што предизвика неколкумесечно доцнење, јави дописникот на МИА.

Преодните резултати од испитувањето врз луѓе во оваа втора фаза покажуваат дека употребата на оваа вакцина „предизвикала производство на високи концентрации на неутрализирачки антитела кај возрасни од сите возрасни групи на нивоа споредливи со оние забележани кај луѓе кои оздравеле од инфекцијата со Ковид 19 , тврди лабораторијата во соопштението за јавноста објавено изутринава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.