Српскиот професор д-р Бранимир Несторовиќ кој на почетокот на пандемијата сметаше дека короната е најсмешен вирус на светот, а ги тераше жените во Србија да одат во шопинг во Италија, синоќа повторно шокирал со изјава дадена во една телевизиска емисија. Имено, тој рекол дека имал коронавирус, но не бил во самоизолација затоа што морало многу да се работи.

Скоро сум сигурен дека имав коронавирус уште на самиот почеток затоа што имав треска и дијареа два дена и се чинеше дека е тоа. Не бев во изолација затоа што немаше време за тоа и мораше да се работи. Тоа помина брзо кај мене, но јас не инфицирав никого затоа што бев општествено одговорен, изјавил д-р Несторовиќ во емисијата.

Во разговорот со српските медиуми, кога го прашале зошто не е во самоизолација и зошто не е тестиран, како што е препорачано на сите, тој посочил дека не се однесува неодговорно кон себе или кон луѓето околу него.

Во еден момент, навистина мислев дека е можно да го имам вирусот, но ги немав тие проблеми. Можев да јадам свинско месо, не го изгубив чувството за мирис, што е првиот симптом на коронавирусот. Тогаш имавме бројни состаноци во Владата, каде што се сретнав со разни луѓе. Седум или осум од нив се разболеле, дури и готвачката Во тоа време, бев преплашен, па веднаш отидов дома. За да ги заштитам моите по дома, го напуштив станот и се преселив во Обреновац. Лежев три дена, имав треска два дена и го направив тој брз тест, што беше негативен. Следниот ден, веќе бев на нозе “, изјавил Несторовиќ, кој ги имал овие проблеми на крајот на февруари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.