Дојдени сме во таа фаза на епидемијата со корона, да секојдневно се соочуваме со човечки трагедии. Борбата со вирусот ниту е предвидлива, ниту е лесна, а бара систематски и организиран пристап. За да знаеме точно со што се соочуваме и каков и колкав ни е противникот, потребно е да имаме што повеќе тестирани граѓани. Особено потребно е да се тестираат ризичните групи, а тука спаѓаат и лекарите и здравствените работници, истакна на денешната прес-конференција членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Николов.

Тој посочи дека деновиве, сведоци сме дека власта го намалува бројот на тестови и тестирани граѓани, а со самото тоа го намалува и бројот на ново дијагностицирани пациенти.

Постојат болници во кои поголем број од персоналот е позитивен на корона, но и покрај тоа не се тестира целокупниот персонал на лекари и здравствени работници. Која е целта? Како тогаш ќе застанеме и ќе ја знаеме вистинската епидемиолошка состојба? Како ќе можат да се предлагаат мерки и постапки за борба со епидемијата, мерки кои ќе дадат резултат? Се поставува прашањето дали тие болници се извор на зараза? Дали персоналот е извор на зараза или можеби закана за граѓаните? И додека сите соседни земји, го зголемуваат бројот на дневно реализирани тестови, кај нас власта никако да сфати дека тестирањето не смее да се користи за манипулација и дневно политички пресметки. Тестирањето е од јавен интерес. Апелираме и бараме уште еднаш, тестирањето за корона да биде на увид на стручно тело, потребен е сериозен пристап, потребно е професионално да се вклучат сите надлежни институции, потребно е да се престане да се манипулира на граѓаните, нагласува Николов.

Потребно е Венко Филипче да престане да манипулира и да почне да работи, истакна Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.