Во тешка здравствена состојба е 21-годишната Флора Гаши, една од тројцата млади пациенти кои имаат прогредирачка форма на Цистична фиброза, со мутација и цели три години чекаат да го добијат неопходниот лек. Таа во моментот е хоспитализирана на Клиниката за детски болести, тешко дише и искашлува крв. Флора е постојано приклучена на кислород, не може да се движи, може да оди одвај само десеттина чекори.

Оваа млада девојка веќе три години чека на лекот Калидеко (Ивакафлор) за кој светските искуства покажале дека е добар за лекување на посебен тип Цистична фиброза кај пациенти со мутација од 3-та класа („gating“ мутации). Нејзината состојба станува критична и таа вели дека веќе секој месец е во болница по две до три недели, една недела е дома и повторно назад во болничката соба.

Никој, апсолутно никој не реагира на повиците и гласот на оваа девојка. Нашето ништо на некој му значи многу. Да го кренеме гласот заедно со оваа млада девојка и останатите на кои им е потребно лекување кое не може да го добијат поради глувоста на нашето здраство, стои во апелот на социјалните мрежи.

Претходно, политикологот Влора Речица објави дека министерот за здравство Венко Филипче ја блокирал младата пациентка:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.