Временскиот ролеркостер кој од скоро 20 степени над нулата ќе не врати за 15 степени наназад, луѓето тешко ќе го поднесат, посебно оние со хронични заболувања. Докторите предупредуваат дека во нарендите два до три дена организмот ќе мора да се адаптира на наглите температурни промени.

Промените во температурата потешко ги поднесуваат постарите лица и хронично болните. Кај нив може да дојде до пад на крвниот притисок, гушење, малаксаност, слабост. Совет е првенствено да поведат сметка за крвниот притисок и да се обратат на лекар доколку дојде до било какво отстапување од претходните параметри на болеста – нагласуваат лекарите.

Кога станува збор за помладата популација, лекарите укажуваат дека може да дојде до пад на концентрацијата, несоница, нервоза, но исто така можни се главоболки и малаксаност.

Тоа се тегоби кои поминуваат за 24 до 48 часа, додека организмот не се навикне на температурата – велат лекарите.

Доволен внес на течности и регулација на крвниот притисок е совет на граѓаните како би се адаптирале на промената на времето.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.