Научниците сметаат дека најголема е веројатноста да се заразите е во затворени, непроветрени простории со многу луѓе. А канцелариите се токму такви, па треба да се обрнува посебно внимание на заштитата на вработените при враќањето на работа.
Што се однесува до надворешните активности, да пешачите и трчате по кеј или да возите велосипед во парк (секако, одржувајќи дистанца од 2 метри од другите) не е толку ризично и дури и СЗО ги препорачува активностите, сè додека се придржувате до мерките за заштита, одржувате дистанца од другите, ги миете рацете пред и по излегување темелно и не го допирате лицето во меѓувреме.
Кога би се направило споредба, побезбедно е да излезете сами да пешачите одржувајќи дистанца, отколку да работите во канцеларија затворени со десетици луѓе.

Неодамна во еден кол центар во Сеул, Јужна Кореја речиси половина од вработените на еден кат се инфицирале од корона. Речиси сите заразени седеле во иста просторија.
Токму овој факт го прави враќањето во канцелариите предизвикувачко и застрашувачко доколку не се почитуваат мерките за заштита.
Но, многу компании како низ светот, така и во Македонија одлучија да ги вратат работниците на работните места, се разбира, со строги мерки за превенција. Од задолжително носење маски до дезинфекција на просторот, тие строго се држат до препораките.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.