Стручниот надзор на Лекарската комора спроведен за гинекологот и директор на струшката болница доктор Мухамед Асани покажале дека немало пропуст во лекарската интервенција кога на родилката Веапоска Јилдиз ѝ биле отстранети матката, бубрегот и јајникот. Оваа информација ја потврди министерот за здравство Венко Филипче денеска во емисијата „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ.

Стигна извештајот од Лекарска комора, не нашле пропуст во стручниот надзор – рече Филипче.

Тој додаде дека за дивата ординација која Асани ја имал дома, а за која Државниот здравствен инспекторат одлучувал, има постапка во обвинителството во Струга.

Јилдиз Веапоска од Дебар, медицинска сестра од итната помош, преживеа вистинска голгота откако се породила во болницата во Струга со царски рез, но од операцијата излегла без матка, бубрег и без еден јајник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.