Група средношколци под хаштазите #НемаСапун / #SkaSapun започнаа онлајн кампања. Камапања преку која ќе ги обележуваат училиштата и факултетите кои немаат сапун во тоалетите.

Скоро една недела на социјалните мрежи Твитер и Фејсбук овие млади луѓе споделуваат фотографии во кои се посочени десетина училишта во Тетово, Скопје, Дебар, Куманово, Струга и Кичево кои немаат основни хигиенски средства.

Сите ни зборуваат дека многу болести доаѓаат преку нечистите раце, а никој не се загрижил за тоа што немаме сапун во училиштата во кои поминуваме и по осум часови во денот. Ова една од реакциите на средношколците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.