Нема починати пациенти од компликации од ковид-19 во последните 24 часа, објави на фејсбук Министерството за здравство.  Направени 2.887 тестирања, а регистрирани се 28 нови случаи на КОВИД-19 од:
• Скопје – 9
• Кичево – 5
• Куманово и Тетово – по 4
• Прилеп и Охрид – по 2
• Штип и Струмица – по 1.

Регистрирани се 34 оздравени пациенти од:
• Скопје – 18
• Прилеп – 4
• Куманово и Тетово – по 3
• Битола – 2
• Кичево, Гевгелија, Свети Николе и Делчево – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 838.323 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.568, бројката на оздравени пациенти е 149.676, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 420.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.