Четири лица заразени со мали сипаници кои се лекуваат на Клиниката за инфективни болести се во тешка состојба, но засега не се во животозагрозувачка состојба, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Министерот додаде дека на Клиниката за инфективни болести се лекуваат 29 заболени од морбили, од кои 11 се возрасни, а останатите се деца.

Тоа е состојба која дополнително може да се искомплицира затоа што станува збор за тешко воспаление на белите дробови – рече Филипче.

По информациите од Институтот за јавно здравје дека епидемија на морбили е прогласена и во Гевгелија и дека надвор од Скопје има 25.000 невакцинирани деца, тој рече дека засега нема да прогласат епидемија на територија на цела земја, и дека ги разгледуваат бројките за секој град посебно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.