Доктор Александар Петличковски, директор на Институтот за имунологија во Скопје во емисијата на Телма изјави дека со појавата од новата мутација не треба да се крева паника и дека нормално вирусот да мутира.

„Мутациите не се изненадување. Така да, прашање беше само во кој момент ќе се прошири. Оваа детекција преку тестови е скапа технологија и затоа најбогатите земји имаат предност. Ние на Институтот имаме сереолошки тестови со кои правиме проценка колку е проширена епидемијата. Знаеме дека имунитетот е тука и оној кој ја поминува болеста има прилично добра позиција да не се заболи повторно“, вели Петличковски.

Според него овој вирус, односно мутацијата на спајк протеинот е повисок со рецепторите и има поголеми шанси да се заразиме, но тоа ништо не менува, некој ќе помине без симптоми. Она што полесно се проширува, коментира Петличковски, не значи дека ќе имаме многу тешко болни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.