Нема сила која што може да го разубеди пациентот што не сака да се вакцинира, да го стори тоа, вели за „Слободен печат“ матичниот лекар и претседател на Асоцијацијата на млади лекари и специјализанти, доктор Ненад Лазаров. Досега во неговата ординација вакцинирани против ковид се нешто над 40 проценти од прикрепените пациенти, а со сите други што се обидел да разговара, формално или неформално надвор од ординацијата, не сакаат ни да слушнат за тоа.

Ниеден пациент не сум разубедил, а сум настапувал аргументирано. Ако не сака, не сака. Првото нешто што ќе ми го каже е ,,јас да се вакцинирам, а ти да кркаш 30 денари по пациент”. Не понижуваат, ни велат да потпишеме дека нема да им се случи нешто од вакцината. Како да му сугерирам некому да се вакцинира, навистина не ми е јасно. Како „Топ шоп“ телеоператори треба да бидеме наместо лекари. Не знам како би убедил некого да се вакцинира, од тие што се разубедени дека не сакаат, освен со рестрикции и ограничен пристап до јавни сервиси. Не сакаат најчесто од небулозни причини, а после кога ќе дојдат болни да ги лекувам, се каат, вели доктор Лазаров.

Тој додава дека не е во ред здравствените власти на матичните лекари да им ја префрлаат топката за неуспешно спроведената вакцинална кампања. Освен тоа, за него е спорно што нема ниту начин да пристапи до тоа кој не е вакциниран, освен ако не ги прегледува досиејата едно по едно, што одзема многу време.

Целиот разговор на „Слободен печат

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.