Докторите апелираат и силно советуваат да не ставате цели чешниња лук во ноздрите. Оваа препорака следи откако на „Тик ток“ се појавија неколку видеа во кои корисниците си ставаат лук во носот за да ги одзатнат своите синуси. Трендот ескалираше со видеото на 29-годишната Розалин Кетрин, кое е прегледано повеќе од 4,5 милиони пати.

@rozalinekatherinei’m shook lol ##tiktoktaughtme ##thankyoutiktok ##tiktokhacks

♬ Coffee Music – Cafe Music BGM channel

Оториноларингологот Нил Батачарија, од болница за уво, нос и грло во Бостон, предупредува дека овој „трик“, покрај тоа што може да има непријатни последици, како контактен дерматитис, може да биде и опасен.

Ако го правите ова долго или често, телото ќе почне да реагира на маслата и хемикалиите од лукот и да предизвика контактен дерматитис во носот. Некои чешниња лук се навистина силни, и ако доволно од хемикалиите и маслата истечат во носот, дефинитивно ќе го иритираат целиот орган и ќе ја оштетат слузницата. Друга страшна можност е чешнето лук да се заглави во ноздрата или да навлезе целосно, што ќе направи далеку посериозни проблеми од подзатнати синуси, коментира тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.