Од 11 октомври до 18 октомври не се регистрирани нови случаи со мали сипаници. Се уште е во тек епидемија на мали сипаници на цела територија на државава. Вкупниот број регистрирани случаи изнесува 1.900, со стапка на заболување од 91,8 на 100.000 жители, се наведува во извештајот што на својата веб страница го објави Институтот за јавно здравје.

Според резултатите од примероците испратени во референтната лабораторија за мали сипаници во Луксембург, циркулира генотипот B3 Dublin, кој циркулира и во соседните држави.

Во 41-вата недела во државава се вакцинирани 610 деца (од предучилишна и училишна возраст). Вкупниот број вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата изнесува 41.623 (во вкупниот број на вакцинирани се вклучени и пропуштените и редовно вакцинираните деца со МРП вакцина).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.