Дали ви се случува да се разбудите и да се чувствувате малаксано, па да земете топломер за да проверите дали сте сонливи или имате треска? Температурата е 37,2 степени Целзиусови, а вие, сепак, се подготвувате за работа, бидејќи тоа не е треска. Или, сепак, е?

Фактите за треската се многу покомплицирани од општо прифатените податоци од студијата направена далечната 1868 година. Прво, не постои број за нормална температура, пред сè, бидејќи таа е поголема за жените отколку за мажите, поголема е и за децата отколку за возрасните, а и најниска е наутро ако зборуваме за периодот на денот. Жените се дополнително потопли во бременоста и за време на овулацијата.

Температурата 37,2 наутро е ненормална, а може да биде сосема нормална во 16 часот. Тоа е заклучено врз основа на 11.458 температурни листи на една болница кои се користени во истражувањето на апликациите за ајфон наречени Feverprints.

Студијата го отфрла стариот стандард за нормалната температура на телото од 36,6 степени Целзиусови. Стручњаците во таа студија заклучиле дека нормалната температура на возрасните во текот на денот е 37,2, а ги користеле резултатите на 329 здрави возрасни лица. Утврдиле дека треската во просек почнува кога е поголема од тој број, како и дека телесната температура треба да се набљудува како флексибилна цифра во контекст на возраста, полот, периодот на денот.

Оваа студија не е прва која се враќа на дефиницијата на нормалната телесна температура, но тешко е да се урне бројот 36,6 кој останува на главните медицински страни. Тука е горниот праг на „нормалната“ температура 37,7.

Некои лекари се залагаат за тоа, освен ако температурата е поголема од 39,4, таа да не се ни намалува, бидејќи телото се обидува да ја задржи што и да правите. Треба да се најде причината за инфекцијата и да се борите против тоа. Нашиот внатрешен термостат е во хипоталамусот, кој нè информира кога треба да се изладиме или загрееме. Треската му помага на телото да се бори против инфекциите стимулирајќи го имунолошкиот систем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.