Елизабета Ѓорѓиевска, сопругата на претседателот, која работи на Стоматолошката клиника, сподели неколку совети за заштитните маски за коронавирус.

Таа препорачува да се избегнуваат маски со вентил, бидејќи низ вентилот при издишување во млаз се исфрлаат и ситните капки во кои е концентриран вирусот.

Според неа, најдобро е да се носат трослојни маски од платно за да се заштитите себеси и сите околу вас. Медицински маски треба да се носат ако имате Ковид 19 или ако се грижите за лица болни од вирусот, ако имате над 60 години или ако имате хронична болест.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.