Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“ упати апел.

Почитувани членови, за жал сведоци сме на ситуацијата со корона вирусот која во нашата земја е повторно алармантна! Апелирајте до вашите најблиски да се придржуваат до посочените мерки и сите заеднички да стигнеме до целта која ја посакуваме.

Драги пријатели, во природата на нас медицинските сестри ни е секогаш да сме позитивни и насмеани. Особено колегијално, меѓу нас. Работната средина понекогаш не доведува до конфлитни ситуации, но секогаш брзо надминуваме и сме насмеани и весели. Таа смеа понекогаш можеби е и многу гласна. Но, токму таа смеа значи ЖИВОТ!

Драги пријатели, Ве замолуваме не ни ја крадете насмевката, придржувајте се до мерките.

Пред нас се уште многу прослави и веселби на кои сакаме да присуствуваме и да сме сите на број.

Ве молиме не ни ја земајте насмевката. ПРИДРЖУВАЈТЕ СЕ ДО ПРЕВЕНТИВНИТЕ МЕРКИ!

Унија на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС – ЗА НАС

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.