Еден возрасен, седуммесечно бебе и едногодишно дете, кои се заболени од морбили, се наоѓаат во многу тешка здравствена состојба. Тие не можат ниту самостојно да дишат, бидејќи вирусот ги нападнал и нивните бели дробови и се приклучени на апарати за дишење. Овие пациенти се лекуваат на Клиниката за инфективни болести.

По заразата со морбили, како што објаснуваат лекарите, тие се разболеле и од потешка форма на пневмонија, што е честа компликација.

На Клиниката викендов биле регистрирани 18 новозаразени со мали сипаници. Освен од Скопје, има и заболени од Куманово, Кичево, Струга и други градови. Половина од нив се задржани на болничко лекување.

Според информациите, сите тие не се вакцинирани против морбили. Во оваа клиника се лекуваат 31 пациент со морбили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.