Лабораториските истражувања објавени во списанието „New England Journal of Medicine“, покажуваат дека вакцината развиена од „Фајзер“ и „БиоНТек“ успеала да ја неутрализира новата мутација на корона вирусот што брзо се шири низ Бразил.

Истражувањето објаснува дека крвта на луѓето кои примиле вакцина на „Фајзер“/„БиоНТек“ ја неутрализира вештачката верзија на вирусот што ги содржи истите мутации во „шилото“ што во себе ја има многу заразната, P.1 верзија на вирусот пронајдена во Бразил.

Научниците во истражувањето наведуваат дека неутрализирачката способност на вакцината против оваа бразилска мутација на вирусот е приближно еднаква со реакцијата ја има врз претходната, помалку заразна, варијанта на вирусот од минатата година.

„Шилестиот протеин“, што вирусот го користи за влегување во човечките клетки, е примарна цел на многу вакцини против корона вирусот.

Во претходно објавеното истражување, „Фајзер“ откри дека нивната вакцина неутрализира други позаразни варијанти на вирусот, како британската и јужноафриканската, иако е докажано дека јужноафриканската варијанта може да го намали нивото на антитела произведени по вакцинацијата.

„Фајзер“ соопшти дека верува дека е многу веројатно нивната сегашна вакцина да штити од јужноафриканската варијанта. Како и да е, компанијата планира да го тестира можниот ефект што би го предизвикало примањето на трета доза на вакцината, како и да тестира редизајнирана верзија на вакцината, дизајнирана за борба против оваа варијанта, со цел подобро да се разбере имунолошкиот одговор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.