Новите откритија поврзани со последиците од заболувањето од коронавирусот ги загрижија научниците. Наводно, како што во петокот предупредија експерти од областа на науката, Ковид-19 предизвикува дијабетес кај луѓе кои пред заразувањето го немале.

Овој заклучок е објавен во „New England Journal of Medicine“, а до него дошле по набљудување на група на пациенти заразени од вирусот. Пациентите ги набљудувале врвни експерти од областа на дијабетесот. Меѓутоа, и понатаму не е потполно јасно на кој начин овој вирус го предизвикува дијабетесот.

Франческо Рубино, професор од Кингс колеџот во Лондон и еден од авторите на истражувањето, вели дека е можно тие пациенти да биле склони на дијабетес кој бил поттикнат од Ковид-19, но и дека можеби некои од нив не знаеле дека веќе имале дијабетес.

Секако, постои можност некои од нив да откриле во болницата дека боледуваат од дијабетес, доколку не го провериле тоа претходно. Инфекциите додатно го зголемуваат нивото на шеќерот. Меѓутоа, и да е така, бројот на пациенти кои истовремено се заразени со вирусот и дијабетес е многу поголем од бројот на пациенти кои се болни да кажеме од сезонски грип и дијабетес истовремено – вели тој.

Познато е и дека коронавирусот секако ја влошува состојбата кај пациентите кои веќе се заболени од дијабетес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.