Научниците од Универзитетот во Јута дошле до ново откритие споредувајќи ја крвта на 82 лица, од кои половина биле позитивни на ковид-19, пренесува „National Geographic“.

Тромбоцитите, чија улога е да го запрат крвавењето преку создавање тромбоцитен чеп и коагулација на крвта, биле многу активни во примероците земени од пациентите заразени со ковид-19, наведено е во извештајот. Ова откритие, додаваат истражувачите, многу е важно при лекувањето на пациентите позитивни на коронавирусот, бидејќи им дава увид на лекарите за ризикот од создавање грутни, а тоа би можело да предизвика големи компликации или да предизвика мозочен удар, срцев удар или емболија.

Д-р Роберт Бонов, професор за кардиологија на Универзитетот Нортвест, рекол дека ковид-19 е единствен вирус кој може да предизвика згрутчување на крвта. Тој истакнал и дека „шилците“ на вирусот, кои се закачуваат за рецепторите во ќелиите, исто така би можеле да се врзат за крвните садови.

Кај дури 30 отсто пациенти кои имаат тешка клиничка слика и кои се лекуваат на интензивните одделенија, забалежано е зголемено згрутчување на крвта поради ковид-19, покажуваат резултатите од истражувањето.

Извештајот покажува дека само минатата недела дури 62 проценти од вкупно 125 хоспитализирани пациени во Велика Британија доживеале мозочен удар во текот на нивото лежење во болница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.