Потребата за мокрење знае да биде многу непријатна, особено кога нема тоалет во близина или кога нагонот е премногу чест. Ако мокрите значително повеќе од шест пати дневно или повеќе од два пати навечер, побарајте совет од уролог. Постојат разни причини за тоа.

Причина за честото мокрење може да биде зголемена простата (кај возрасни мажи), дијабетес или инфекција на уринарниот тракт.

„Добрата вест е што повеќето проблеми многу лесно се решаваат, ако се забележат доволно рано“, откриваат експертите.

Празнењето урина од мочниот меур низ мочниот канал е сложен процес, па затоа не е ни чудно што на малите деца им треба многу време за да научат како да се воздржуваат.

Урината што ја произведуваат бебињата, случајно излегува од нивното тело. Штом урината од бубрезите стигне во нивниот мочен меур, рецепторите на дното од мочниот меур ослободуваат „хемиски гласници“ кои му велат да го исфрли тоа надвор.

Децата подоцна научуваат да ги користат нервните патишта што пренесуваат порака до мозокот преку ‘рбетниот мозок. Кога ќе дојде до болка, тогаш работите стануваат покомплицирани.

Мочниот меур мора да се стегне за да ја исфрли урината, додека истовремено мускулите на карлицата мора да се опуштат за да го овозможат тоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.