Најновата студија тим на истражувачи предводени од генетичарите од Универзитетот Кембриџ дојде до нов заклучок, сосема спротивен на досегашните тврдења, дека всушност вирусот започнал да се шити од пазарот во Вухан, додека друга теорија вели дека тоа е вирус кој избегал од лабораториите во близина на Вухан, но според најновото изтражување вирусот можеби првиот пат бил пренесен на луѓето во јужна Кина, а не во градот Вухан.
Тимот на истражувачи успеале да ја мапираат „мрежата“ на геномите на коронавирусот и следејќи ги мутациите за тоа време утврдиле дека првата инфекција од Ковид-19 можеби се случила уште во септември, во регион јужно од Вухан.

Според нивната студија всушност вирусот човекот можел да го носи многу време пред тој да мутира во смртоносниот облик.

Вирусот можеби пред неколку месеци мутираше во конечниот облик, но останал во лилјакот или друго животно, па дури и во човекот неколку месеци, без да инфицира други поединци, изјавил генетичарот Питер Форстер за „Саут Чајна морнинг пост“.

Генетичарите од Кембриџ велат дека коронавирусот почнал да се шири меѓу луѓето некаде помеѓу 13 септември и 7 декември, создавајќи мрежа која е претставена во студијата.

Ако морам да дадам одговор, би рекол дека вирусот почна да се шири од југот во Кина, а не од Вухан, наведе Форстер.

Според него тврдењата дека вирусот од лилјак се пренел на друго животно се уште не се докажани и би морало да се провери со додатни анализи на лилјаците.

Но ова е најдобрата претпоставка која можеме да ја направиме во овој момент, чекајќи додатна анализа на понатамошни примероци од пациентите од болницата, наведе тој во друго интервју за Њузвик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.