Стотици научници тврдат дека постојат докази дека коронавирусот може да биде заразен во помалите честички во воздухот и ја повикуваат Свестската здравствена организаицја (СЗО) да ги промени своите препораки, објави „Њујорк Тајмс“.

СЗО наведува дека коронавирусот се шири од личност до личност првенствено со капки, од носот и устата на заразено лице при кивање, кашлање или зборување.

Во отвореното писмо до СЗО, кое потписниците планираат да го објават во научно списание следната недела, 239 научници од 32 земји наведоа докази кои покажуваат дека дури и помалите честички можат да бидат заразни, пишува „Њујорк Тајмс“.

Без разлика дали коронавирусот се пренесува преку поголеми честички по кивање или од помали честички произведени со дишење, коронавирусот се пренесува преку воздухот и може да ги заразува луѓето кога се вдишува, велат научниците.

Сепак, СЗО наведува дека доказите за пренесување преку воздухот не се убедливи.

Особено во последниве месеци, неколкупати посочивме дека веруваме дека е можно пренесување преку воздухот, но за тоа не постојат цврсти, па дури и јасни докази“, изјави Бенедета Алегранци, директор на програмата на СЗО за превенција и контрола на инфекции.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.