Наскоро се очекува да почне да се дава третата доза вакцина против ковид 19 во Македонија, објави „Алсат“. Првично, властите планираат со третата доза да ги имунизираат лицата со загрозен имунитет и здравствените работници, додека за останатите жители во земјава сѐ уште нема дефинитивен став дали треба или не да се имунизираат со третата доза. Директорот на Институтот за имунологија во Скопје вели дека кај нас третата доза ќе биде Фајзер, без разлика со која вакцина претходно биле имунизирани граѓаните.

Препораката на властите е третата доза да се земе 6 до 8 месеци по примањето на втората доза. Досега, над 690.000 граѓани се вакцинирани со две дози.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.