Намалувањето на бројот на заразени и временските услови може да бидат мотив комисијата за заразни болести да ги укине рестриктивните мерки. Надлежните размислуваат да остане единствено мерката за носење маски на отворено.  Професор Драган Даниловски смета дека на лето нема потреба да се носат маски на отворено, пренесе Сител телевизија.

Професорот смета дека треба да има точна информација колку од пријавените не биле заразени до сега и тие да добијат приоритет за вакцинација, дополнително да има и кампања за подигање на свеста. За сега бројот на пријавени според Даниловски е солиден но имунизацијата може да донесе бенефит дури на есен. Според професорот бројот на смртни случаи е очекуван бидејќи тој секогаш доаѓа подоцна откако ќе се намали бројот на новозаразени.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.