На 4 февруари, годинава ќе се отворат понудите по тендерот на Министерството за здравство за набавка на вакцини за континуирана имунизација и вакцини по епидемиолошки индикации на населението во Република Македонија за периодот јуни 2018 – јуни 2020 година.

Станува збор за јавна набавка за која тендерот беше распишан на 21 декември, минатата година. Проценетатата вредност на тендерот е 661.025.466 денари или околу 10,7 милиони евра, а критериум за доделување на договорот е најниската цена.

Овој критериум е една од главните точки на дебатата меѓу македонските граѓани од кои едните се противат на владината политика за задолжително вакцинирање на населението, а другите ја поддржуваат.

За да ги принуди граѓаните да ги вакцинираат своите деца Владата им нареди на градинките да не ги примаат невакцинираните деца, а се најавуваат и кривични пријави за родителите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.