Светската здравствена организација (СЗО) вели дека годините не се пресуден фактор за некој да биде заразен од Ковид-19 и дека тврдењето оти само постарите заболуваат е погрешно.

Повеќе од 95 проценти од починатите од последици од новиот коронавирус во Европа имале над 60 години, но погрешен е ставот дека од ковид-19 заболуваат само повозрасните лица, изјави денеска директорот на канцеларијата на Светска здравствена организација во Европа, д-р Ханс Клуге.

Тој додаде дека годините не се единствен ризик за заболување.

Тврдењето дека ковид-19 ги погодува само повозрасните луѓе всушност е погрешно. Младите луѓе не се непобедливи, додаде Клуге на онлајн прес-конференција во Копенхаген.

Тој посочи дека 95 проценти од заболените од ковид-19 се постари од 60 години, а повеќе од 80 отсто од починатите имале над 80 години, кои имале и други болести, како кардиоваскуларни проблеми, хипертензија или дијабетес.

Тешки случаи на болеста има и кај тинејџери или над 20 години, на многумина им е потребна интензивна нега, а некои, за жал починаа“, наведе Клуге.

СЗО претходно соопшти и дека од 10 до 15 проценти од заразените се помлади од 50 години.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.