Од Универзитетската клиника за токсикологија информираат дека во моментот, на клиниката, се хоспитализирани 11 пациенти како последица на вчерашниот пожар во скопската населба Кисела Вода. Меѓу хоспитализираните пациенти има четворица пожарникари. Највозрасниот пациент е на 74-годишна возраст, додека најмладиот на 26-годишна возраст.

Сите пациенти се во стабилна општа состојба. Спроведени се сите дијагностички процедури согласно протоколите за лекување и до добивање резултати од иследувањата, пациентите ќе бидат хоспитализирани. Во најголем дел пациентите имаат потешкотии со дишењето, гушење, кашлање, кивање, и слични симптоми, информира д-р Наташа Симоновска од Клиниката за токсикологија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.