14-годишно дете е најмладиот пациент кој за новогодишната ноќ во алкохолизирана состојба завршил на Токсикологија.

Дежурните лекари примиле 29 лица кои претерале со пиењето за време на прославата, но велат сите биле лесни случаи и по неколку часа на Клиника ги пуштиле дома.

За среќа, токсиколозите велат синоќа немале пациенти предозирани со психотропни супстанци.

Најстариот, пак, кој завршил на Токсикологија имал 63 години.

Извор: Сител

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.