Вечерва на Клиниката за неврохирургија е извршна упешна операција на тумор на мозок, објави министерот Венко Филипче.

Филипче го предводел тимот млади лекари.

Ова е дежурниот тим за новогодишната ноќ на Клиниката за неврохирургија. 👏 Секогаш е задоволтво да работиш со млади колеги. Вечерва тие ми асистираа во операција на тумор на мозок. Операцијата успешно ја завршивме, на пациентот му посакувам добро здравје и што побрзо опоравување. На моите колеги мирна ноќ. Среќна нова година, напиша Министерот за здравство Венко Филипче на неговиот фејсбук профил.

Ова е дежурниот тим за новогодишната ноќ на Клиниката за неврохирургија. 👏 Секогаш е задоволство да работиш со млади…

Posted by Венко Филипче on Thursday, 31 December 2020

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.